Четврта сезона
Во третата сезона на Ангели се запознавме со значењето на нивното патување. Тие патуваа во иднината со мисија да ја спасат Пас, но и да го спасат мирот на светот, кој е пред уништување. Во крајот на третата сезона, Шефицата на Министрите која се дознава дека е Луз, помалата сестра на Сиело, заедно со нејзината корпорација фрли гас-бомби во разни околини. Некои беа фатени на денот на бомбите, но некои не. Фатените личности сега се дел од новиот свет НЕ (Нова Ера), а они кои успеале да избегаат од Владината корпорација на денот на бомбите го формираат Отпорот.Производителката на серијата, Крис Морена, одлучила на телевизија, преку нејзиниот талент, да го приказже она што се случува во светот.
На фатените личности им се избришани претходните спомени и им се аплицирани нови. Така тие сега се сосема нови личности. Фатени се: Мар, Хасмин, Рама, Жека, Начо, Тео и Есперанса. Процесот на бришење на спомените на сите нив успеал освен на Есперанса. Таа ќе се поврзе со личностите од отпорот (Тиаго, Тачо, Симон, Лука, Џони, Вале, Тефи и Мелоди) и ќе им помогне на оние кои се жртви на Владината корпорација да си ги вратат своите спомени назад. Подоцна ќе бидат фатени, прво Симон, а потоа и Вале на кои исто така ќе им бидат избришани спомените.
Уште една од мистериите на оваа сезона е тоа кои се вистинските родители на двете посвоени керќи на Луз. Алаи, се дознава дека всушност е ќерка на Хасмин и Тачо. Таа била киднапирана од Луз во 2018 година. За Нина можете да прочитате подолу, по објаснувањето за г-дин Џеј.
Се дознава дека главниот на Владината корпорација и причината за уништувањето на светот е г-дин Џеј, чиј идентитет е главната мистерија на оваа сезона. На децата од Отпорот ќе им помага т.н. Професор, кој е Тиаго во иднината. Тој открива дека Џеј е Симон кој е дојден од уште подалечната иднина за да ѓи фрли бомбите низ целиот свет. Џеј т.е. Симон ја киднапирал Луз, но не и ги избришал спомените, едноставно и аплицирал дека Сиело и Нико ја исфрлиле на улица. Поради тоа Луз ги мрази нејзините чичковци и тетки. Нина е всушност клон на керката на Џеј т.е. на керката на Симон и Вале. Четвртата сезона претставува вториот дел од исполнувањето на мисијата на децата. Во третата сезона ја спасија Пас, а во четвртата треба да го спасат мирот на светот, но како? Мирот на светот нема да биде нарушен доколку не постои Џеј. Така Симон бидејки не сака да се претвори во Џеј се согласи кога неговите другари ќе се вратат во нивното време (2010) тој да отиде во некое друго време каде што нема никој да познава и нема да има причина да се претвори во Џеј. Така тој и Тиаго отидоа во 2068 за Симон да остане таму каде што светот е сосема уништен. Но бидејки тоа што младиот Симон го гледа се претвара во спомен на Џеј Тиаго направи план во кој тој глуми како го убива Симон. Така Џеј ги остави на мира Тиаго и Симон. Кога децата се вратија во 2010 година веќе никој на светот не може да патува низ времето, па така Симон, заедно со Вале која преку нејзиното пишување отиде во 2068ма година неможат да се вратат во 2010 и така Џеј никогаш нема да постои, и вториот дел од мисијата е исполнет.Професорот е Тијаго.
Паровите на крајот останаа како во втората сезона, освен тоа што Рама остана со Кика која отиде со нив во 2010, Мелоди остана со Тео со кој има и бебе Амадо, и да и Тео исто така отиде во 2010, и Симон и Вале, останатите парови се исти.