Sunday, March 31, 2013

Речиси ангели -островот еудамон 1 дел

РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (1 ДЕЛ)

РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 1 ДЕЛ -
Нема време! -се слушна со oстрина. Беше нечитлива (неразбирлива) викотница, нетрпелива и сепак смешна, се појави помеѓу група ѕидари коишто ги даваа последните темели на големиот дворец што го правеа. Беше 11 февруари, 1854 година. Беа исцрпени и испотени, сакаа конечно да завршат, но еден низок маж, којшто одеше со долги чекори, држејќи еден смешен бел чадор, ги задржа, додека го покажуваше часот на часовникот.

Докторот Инчаусти, елегантен и свечен, се доближи до групата за време на разговорот. Иако попладневното сонце беше неиздржливо и луѓето се ставаа во опасност од изгорувуње, човечето, облечено во бели панталони, бела маица, бел капут и бели чевли, многу иритирачки викаше дека веднаш треба да завршат со ставањето на часовникот. -Многу е важно, Инчаусти! -му кажа со непочитувачки тон на докторот, кој никој не го вика „Инчаусти“. Докторот Инчаусти не беше храбар и се приврзуваше и ги рабираше своите вработени. Без срам, човекот одговори игнорирајки дека се работи за еден од најбогатите луѓе и најпочитувани во градот, и со поголемо влијание. 

–Инчаусти, овој часовник треба да функционира за два часа. “Нема време!“-рече, додека неговиот поглед беше закован кон докторот. Еден час подоцна, ѕидарите и карпентерите завршија со часовникот прикачен на ѕидот на таванот од куќата. Веднаш по нив, пет старешини скоро на иста висина сите со особини и домородни носии влегоа во куќата и се качија до таванот, кадешто ги очекуваше мажот во бело. Старите домородци ги отворија своите чанти, од тие што почнаа да вадат стотици парчиња часовници од сите големини. Со воодушевувачка прецизност (точност), во неколку минути го составија механизмот од големиот часовник. Мажот во бело отвори мал бел куфер, од којшто извади еден мал ковчег, исто така бел. И од тој, едно малечко парче сив метал. Ја исправи својата мала и ситна рака и го стави парчето метал во часовникот. Петорицата постари личности и човечето во бело неколку секунди гледаа во часовникот, додека стрелката не го означи крајот на првата минута. И така часовникот поставен од најдобрите часовничари почна да работи. И работеше перфектно, без да оди напред или назад, ниту пак да застане, точно 177 години, 9 месеци, 11 дена и 7 часа. Откако ја заврши работата, човечето излезе во градината која се наоѓаше во задниот дел на вилата, каде што докторот Инчаусти им ги покажуваше дрвјата кои сака да ги засади на својата сопруга и својот мал син. Човечето во бело им го прекина разговорот на докторот со својата жена со своето вообичаено непочитување.
-Нема да се скрши, но ако се скрши - што сигурно нема да се случи. Но сепак ако се случи во недокажана евентуалност од која ќе се скрши, и повторно ќе повторам дека е речиси невозможно тоа да се случи, не викнав никој часовничар да замеша раце во ова. Ние ќе го средиме. Јасно е? -Јасно е. - одговори докторот, спречувајќи иритација којашто го предизвикува тој дрзок договор. -И добро пазете го -предупреди мажот додека се послужи со лимонада, без да му понудат.
-Незнам како се чува некој часовник. Ниту како се чува мебел. Уште помалку како се чува некој објект. Чувајте го како што ги чувате вашите сакани. -нагласи во брзање и испи голтка од лимонадата.
-Колку добро ми дојде! Најнеподносливо лето! –извика. Не разбирам дека на некој му се допаѓа летото. Добар ден. И без да се каже нешто друго, се повлече. Жената го погледна својот маж, барајќи објаснување за својата необична толеранција, и праша со голема љубопитност: -Кој е тој човек? –Тој ми го спаси животот во Перу -беше големиот одговор на докторот Инчаусти. Кога човечето помина покрај малиот син на парот, кој играше во градината, детето го погледна и го праша: -Кој сте вие? Човечето го погледна, се насмевна и кажа: Ако ти го кажам моето име и навистина ти објаснам кој сум не би сфатил. Ќе ти кажам само дека ме викаат „Тик Так“. И се одалечи, додека го отвараше својот смешен бел чадор. Детето се колнеше дека го виде како исчезнува во градините.
Во моментот часовникот во куќата почна да ги одбројува минутите, на 17.8 километри северозападно од куќата, во соба која исто така беше сопственост на доктор Инчаусти, друга група на постари луѓе, управувани од друг човек во бело идентичен на Тик Так, ставија во функција еден ист таков часовник. Во истиот тој момент, на 17.8 километри на југ од собата, во една парохија на едно мало село од Ескалада, друга група на луѓе, управувани од друг човек во бело, реплика на Тик Так, ставија во функција трет часовник, аналоген на другите два. Во 1854 год. немаше авиони ниту сателити. Ако имаше нешто како, набљудувач, од небото, можеше да ги предупреди за време на еден дел од секунда три точки емитираат сина светлина, интензивна, во трите темиња се соединат на небото, формирајќи рамностран триаголник.

1 comment:

  1. Ќе може ли да ги ставите и другите делови? Само првипт го има, а другите се блокирани. Поздрав :D

    ReplyDelete